Скопјанец искасан од улично куче по полноќ, настрадале уште две лица

Денеска по полноќ и вчера три лица од Скопје настрадале од улични кучиња.

Денеска (06.04.2024) во 00.20 часот во Полициската станица Карпош, В.Ц.(53) од Скопје пријавил дека на ул. „Манапо“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 05.04.2024 во 18.35 часот во Полициската станица Аеродром, Р.И.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 05.04.2024 во 17.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Т.(50) од Скопје пријавил дека во с. Трубарево, скопско бил каснат од куче скитник.