Сѐ потешко се скенираат фискални сметки

Сѐ потешко се скенираат фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“, реагираат граѓаните. 

Скенирачните на сметки велат дека откако минатиот месец се вршеше прилагодување и ажурирање на апликација, не секоја сметка сака да се скенира од прва, а и повеќето сметки воопшто „не поминуваат“ на опцијата за скенирање. 

Повеќето сметаат дека проблем е апликацијата. 

-Кога се вршеше прилагодување на апликацијата минатиот месец неколку дена воопшто не функционираше апликацијата, а потоа се потешко се скенираат сметки. Се обидуваме да ги фатиме од разни агли, но џабе е, вели еден скопјанец. 

Од УЈП тогаш соопштија дека се работи на унапредување на апликацијата со која граѓаните вршат поврат на средствата од ДДВ. 

Се уште важи фискалните сметки кои неможе да се скенираат преку опцијата да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.