„Македонија ќе исчезне како држава, ако не поминат уставните измени“, предупредува Колозова

Професорката Катерина Колозова вели дека Македонија ќе исчезне како држава доколку не поминат уставните измени.

Колозова смета дека Македонија ќе биде „проголтана“ од регионалната нестабилност ако се најде „надвор од шините на ЕУ“.

- Ко инфантилни: ќе има ли други, ќе има ли други уцени? Како мали деца запнале да им се вети нешто. Рамката бара да се преговара и со Грција и со Бугарија за наследството и историјата. Може ќе нема, може и ќе има. Ако има ненадминлив проблем - замрзнете преговори. Но сега нема. Уште три малцинства во Уставот - ни први ни последни. Ова е уцена на ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт. Но, смена без западен амин - тешко. Значи, сфаќате што значи уцената? Победа на избори, и ко попчиња ќе изгласаат измени во Устав. Исто ко сега што бараат да праќаме војници во Украина. Спремни веќе за во Влада. Мисли со своја глава, народе. Ако ВМРО не добие апсолутно мнозинство на претпоставени предвремени избори - не е исклучено СДСМ пак да бојкотираат парламент, и така да не се изгласаат измените. Надвор од шините на ЕУ - ќе нѐ снема како држава. Ќе бидеме проголтани од регионалната нестабилност. Мисли народе, објави Колозова.