Син ми доби учебник по Македонски јазик на 12 јуни, објави актерот Муратовски

Македонскиот актер Рубенс Муратовски, на својот фејсбук профил објави дека неговиот син на 12 јуни го добил учебникот по Македонски јазик.

-Да се пофалам. Добивме учебници по Македонски Јазик. Ден 12 Јуни. 2023 година. Баш добро ми дојде учебников денес што ми го дадоа. До утре кога треба да го вратам имам време да поправам некои грешки во него. На пример, неправилно е напишана Република Македонија. Поправено е. Со коректор, објави Муратовски.