Од „Излези За Европска Македонија“ до „Излези Од Европска Македонија“ - Рубенс Муратовски со порака на Фејсбук

Актерот Рубенс Муратовски со низа објави на својот фејсбук профил го искажува револтот од случувањата кои, како што вели, ни ги донесоа промената на името. 

- Од „Излези За Европска Македонија“ до „Излези Од Европска Македонија“! - вели тој во својата најнова објава алудирајќи на „бегството“ на Македонците од сопствената земја. 

-  Сега разбирате што значеше името? Името да им се сотре! Надеж да немате! Дом да немате! Родина да немате! Татковината ваша да побегне од вас, вид-виделија да фати! Среде Егејот да се растопи! Сонцето да ви осамне од запад, на исток да ви зајде! - порачува тој фигуративно во друга обајава. 

Претходно тој објави и досетлива идеја во случај полицијата да ве казни за возачка без „Северна“! 

- Ако те запре полиција за возачка кажи му ние сме Нато! И не плаќаме радиодифузна. Или само глуп сум! - напиша Рубенс кратко во фејсбук објава.