Симон Трпчевски на концерт во Букурешт настапи со македонски дрес

Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески, вчера одржа концерт во Букурешт, Романија. Тој на концертот настапи во дрес на македонската фудбалска репрезентација. 

Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт.

На концертот беше поканета и Македонската фудбалска репрезентација, а на него присуствуваа и познати светски имиња.