Што се случува? Од попладнево не може да се извадат пари од банкомат, ниту да се плати со картичка

Граѓаните кои се корисници на платежни картички на Тутунска Банка од попладнево не може да вршат трансакции, а не можат ниту да извадат пари од банкомат. Ова го споделуваат граѓани кои се револтирани од овој проблем. 

Од Тутунска Банка известија дека се соочуваат со технички проблеми и дека пари може да се извадат од шалтерите, но граѓаните реагираат дека таму редовите се километарски. 

- Освен што не може да се плати со картичка, не функционираат банкоматите, ниту некој од операторите крева на телефон да објасни, вели револтиран скопјанец. 

Со ваков проблем се соочиле и корисници од други банки. Засега нема официјално соопштение од надлежните за настанатиот проблем.