Што ли им се случувало во детството кога на 15 години имаат порив да удрат или навредат свој соученик? - праша порфесорката Алексиќ

Бурни реакции во јавноста откако се појави видео од жестоко врсничко насилство во центарот на Скопје среде бел ден. 

Петнаесетгодишно девојче од скопска гимназија во Центар, брутално е претепано од две девојчиња, од кои едното и е соученичка и претседателка на класот. Девојчињата кои ја претепале ја навредувале со погрдни зборови.

Девојчето се здобило со хематом на окото, набиеници на вратот и десната плешка, хематом на главата, повреди на колената и тешки трауми. 

Професорката Татјана Алексиќ со реакција: 

- Сѐ додека нема драконски казни за вербално и физичко насилство, децата ќе нѐ имитираат токму со најлошите примери и таквите ќе бидат лидери меѓу врсниците, претседатели на класот, деца со авторитативен карактер, храбри и без „влакно на јазик", а не воспитани и добронамерни „лигуши"! Една навреда излезена од уста ќе излезе пак! Еднаш крената рака ќе удри пак! Повторувањето на вербално и физичко злоставување не е афективно и инцидентно - свесно излегува од болниот ум. Што ли им се случувало во детството кога на 15 години имаат порив да удрат или навредат свој соученик!

Многумина се надоврзаа на нејзиниот став. 

- Се е резултат на тотално нефукционален систем кој се распаѓа во сите сегменти и се помалата свесност за колективна одговорност и префрлањето на вина од едни на други е најлесно, одсуство на системски решенија се е сведено само на демек правеме нешто, гласи еден коментар. 

- Драконските казни се потребни не само за родителите кои заради трка по парите особено во денешно време, дисфункционални бракови или што и да е друго сеедно, ги запоставиле или испуштиле од рака и препуштиле на улицата и на сите пороци, своите рожби, така и за социјалните служби кои со чест на искучоци не се на висина на задачата, ама и за самите тинерјџери и тинејџерки кои отсуството на домашната грижа, и елементарното воспитание по угледот на родителите ги претвораат во недозволиви општествени монструми! - вели друг. 

- А до кога се ќе се сокрива, каде се случило, со иницијали, таму некаде на некого. А може утре и на нашето да се случи. И се со изговор , малолетни се. А не се малолетни ова да го смислат, снимаат, а да не збориме какви трауми ќе има девојчето. А насилниците „херои“ меѓу другарите? Децата се огледало на нивните родители! Среќни родители имаат среќни и умни деца, несреќните жално за нивните деца кои ич не се виновни што се од такви родители, коментира друг граѓанин/