Шилегов: Две од трите галии ќе бидат тргнати

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека две од трите галии кои се сместени на реката Вардар ќе бидат отстранети.

„Во тек сме на отстранување на две од три галии, таму сме во постапка“, вели Шилегов.

Тој го охрабри градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ, како и Министерството за култура, сериозно и попосветено да се посветат на, како што истакна, санирање на последиците од проектот Скопје 2014“.

„Го охрабрувам градоначалникот на општина Центар, меѓутоа и Министерството за култура сериозно и попосветено да се посветиме на проектот, односно санирање на последиците од проектот Скопје 2014“, посочи градоначалникот Шилегов .

Шилегов зоруваше и дали ќе се реализира тунелот од под Кале до Чаир.

„Ќе го распишеме повторно тендерот за изработка на проект, ние имавме тендер, потпишавме договор за реализирање, за жал партнерот којшто го доби тендерот излезе дека е не сериозен и го раскинавме договорот, ја наплативме банкарската гаранција, меѓутоа можеби така е подобро од начин што некогаш е подобро такви проекти, кој се фундаментални да изгубите повеќе време во нивното добро планирање за да имате брза имплементација и изведна отколку да имате лош план, па да се случува Кичево-Охрид автопатот“, вели Шилегов.