Се очекува големо невреме да зафати повеќе делови од соседна Грција. Медиумите веќе го пренесоа предупредувањето од надлежните за внимателност.
Националната метеоролошка служба издаде вонредно предупредување за обилни врнежи од дожд и невреме придружено со град и голема фреквенција на молњи, со засилен ветер и забележлив пад на температурата.
Најмногу дожд се очекува во централна Грција, во северниот дел на островот Евија и на Пелопонез.
Министерот Кикиљас на состанокот истакнал дека целиот механизам за цивилна заштита е во состојба на готовност и ја нагласил потребата сите да бидат целосно подготвени, за да може да се преземат неопходните превентивни мерки и да има навремено справување со сите проблеми што би настанале поради невремето.
Во фејсбук групата „Грција Инфо“ има и предупредување до туристите да внимаваат каде ги оставаат своите автомобили.