„Секојдневно сé повеќе тонеме“: Граѓаните го поддржуваат бојкотот во ЈСП, но сметаат дека се враќаме „назад во времето“

Скоро осумдесет проценти од граѓаните го поддржуваат бојкотот на вработените во ЈСП и сметаат дека тој е оправдан, но истовремено коментираат дека „секојдневно сé повеќе тонеме“.

Кратката анкета која ја спроведе Скопје Инфо на својот Инстаграм профил покажа дека од 500 учесници, 80% го поддржуваат бојкотот на вработените во Јавното претпријатие „Скопје“, но на социјалните мрежи тие велат дека „ништо не функционира во Скопје“ и дека секојдневно „тонеме и се враќаме назад“.

Јавен превоз денеска граѓаните ќе имаат до 9 часот, а потоа автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе се повлечат се до очекување на одлуката на седницата на Советот на Град Скопје за исплата на декемвриската плата и на субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Редовно ќе сообраќаат само комбињата за превоз на лица со посебни потреби и автобусите кои вршат организиран превоз за ученици за кои ЈСП има договор со училиштата и општините.