Ги прашавме граѓаните: Кој скопјанец треба да биде градоначалник на Скопје?

Во моментов на политичката сцена актуелни се претстојните локални избори. Повеќе политичари и носители на јавни функции веќе поднесоа предлог-кандидатури до општинските партиски комитети. 

Но, дали на Скопје му е потребна поголема промена во овој поглед? Можеби главниот град заслужува овојпат на оваа одговорна позиција да застане „народски“ човек или пак некој уметник, спортист, доктор...? 

Го поставивме ова прашање на нашата страница на Фејсбук. Дел од одговорите кои ги добивме се следниве:

- Џамбо Агушев
- Трендо
- Ранко Буба Мара
- Коце Трајановски
- Петре Шилегов
- Стевчо Јакимовски
- Игор Џамбазов
- Трифун Костовски
- Андреј Жерновски

Како и: „Стар скопјанец со предци од Скопје, што со сигурност со душа го сака Скопје“ и „Некој што го сака и го живее градот“.

Секако, конкретен одговор не добивме, но поради тоа имаше коментари како:

„Клајте некој до вчера шо бил овчар, шо знај шо е сиромаштија и чесност а не насекое клавате као демек учени а уствари сето кој од кој поарамија.“

„Хирург треба да е, а во хирургија однесете некој од шумско, оддел садење шума.“

„Нас ни требаат луѓе без пардон и влакна на јазик, борбени, жустри, што народно кажано не е**т жива сила, ко Апасиев... Е кога таков некој ќе се најде од мајка роден што ќе знае како да го води градов, е ондак ќе не биде... А иначе би сакала Коце Трајановски да се врати.“

Но и:

„Со оглед на тоа дека сегашниот градоначелник драстично го спушти нивото на успешно градоначелникување, сметам дека можеме слободно да го преложиме за нов градоначелник Љубо Лигавиот. 10х боља работа ќе заврши.“

„Марсоец ако сака нека биде само да небиде ниеден од севернана партија.Видовме преголемо фајде од нив,процвета Скопје и општините во СК па време е и они да одморат малце,во Идризово или Шутка на пример.“

Не изостанаа ниту коментарите со препораки да си земеме кандидат од друг град, но и предлози во кои нашите читатели се означуваат самите себе или своите блиски пријатели. 

Но, коментар кој неколкупати се повтори е: „Да биде човек“.