Секој полициски службеник до крајот на годината ќе добие дополнителни 10.000 денари

     

- На први октомври ќе имаме зголемување на платите на сите вработени во МВР за 10 проценти и до крајот на годината, регрес за годишен одмор од 10 000 денари за секој полициски службеник. 

Ова го порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на отворањето на синдикалните игри на МПС.

„Секогаш кога верувате во една иста цел, мора да дојдете до решение. Тоа решение мора да биде во интерес на членовите на Македонскиот полициски синдикат, но и на сите вработени во МВР“ порача Спасовски.