Сеир за „веста на денот“: Денешните дојави за бомби се вчерашни!

Јавоста тера сеир за директорката која вчера не го отворила меилот со дојавата за бомба во едно основно училиште во Петровец. 

-Денешните дојави за бомби во скопски основни училишта се во Петровец, но тоа се пријави испратени во текот на вчерашниот ден. Дојавата за бомба е стигната во текот на вчерашниот ден на електронската адреса на директорката на училиштето „Кочо Рацин“, но таа не ја видела пораката. Откако денеска ја видела, веднаш пријавила, соопшти денеска министерот Оливер Спасовски. 

Еве што коментира јавноста: 

-Ова со директорката, мејлот и бомбата сé повеќе личи на вицон ,,доџи јуче". Во случајов е ,,отвори јуче', али среќа ова е Балкан, па никој не е сериозен - од директорка, виртуелни бомби, фејк терористи па до министер.

-Може у спам фолдерот стигнало затоа не видела одма да се хејтало...

-Резили, ете и бомбите ги испуштивме од руки ..

-И сега вчерашната дојава се важи денес, се знае нешто?

-Игнорирањето е најголема одмазда!!! 

-Па не може жената сВе, аман!