Низ населените места, училишните дворови, детските игралишта и парковите во Скопје – Север се уредуваа нараснатите тревни површини во саботата, информира градоначалникот Дарко Костовски.
-Акцијата за косење на тревата и кастрење на дрвата ќе продолжи и во наредниот период со цел граѓаните да можат безбедно да ги користат зелените површини и парковите, најави Костовски.