Се тепале пред кафеана, расекле лице со нож и нападнале полицајци

Во раните утрински часови во текот на вчерашниот ден во ОВР Кратови било пријавено нарушување на јавниот ред и мир. Имено лицето А.Ј.(26) од Скопје, физички го нападнал С.П.(21), а со нож го повредил М.Д.(19), двајцата од Кратово. Полицијата веднаш излегла на местото и направиле обид да го уапсат А.Ј. На помош му дошол Д.К.(23) кој нападнал еден од полицајците, за веднаш потоа да избегаат со патничко возило управувано од Д.М. од с. Железница кој ги чекал во непосредна близина.

Полицијата успеала да го уапси напаѓачот на полицаецот Д.К по што веднаш е известен јавниот обвинител. Од МВР соопштуваат дека по целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави до сите инволвирани.