Рузмарин – билка која го подобрува сонот и здравјето на мозокот

Постои една билка која има неверојатни бенефити за нашето ментално здравје.

Станува збор за рузмаринот. Можете да го користите во готвените јадења, салатите, чај па дури и како додаток во водата. 

Апигенинот е форма на флавоноид кој обезбедува добро здравје при редовното консумирање. Според нутрициностите, рузмаринот е еден од најбогатите извори на оваа состојка. Кога јадеме храна богата со апигенин, му помагаме на телото да дојде до антиоксиданти кои се одлични во борбата против влијанието на слободните радикали и воспаленијата на нашето тело, но и го подобрува расположението. Другите извори на апигенин се оригано, магдонос, целер, артичоки и камилица. Добрата вест е дека сите тие се одлични во комбинација со рузмарин, па така можат да се дополнат ефектите.

Многу истражувања покажуваат дека тој е одличен и кај луѓето со хронични заболувања, а е одличен и за подобрување на здравјето на мозокот и когнитивните функции. Освен тоа, мирисот на рузмаринот ја подобрува свесноста и го подобрува расположението.

Тој исто така го намалува ризикот од хронични заболувања, рак и дијабетес тип 2. Некои студии посочуваат дека рузмаринот е одличен и за подобрување на квалитетот на спиењето, како и за намалување на нервозата и стресот.