Рудникот „Суводол“ повторно мета на крадци, уапсени 4 лица поради кражба

Рудникот „Суводол“ по кој знае кој пат е мета на крадци. Вчера во Битола биле уапсени 4 лица за тешка кражба откако влегле во кругот на рудникот и одзеле повеќе предмети. Против нив ќе следува соодветна кривична пријава.

„На 11.04 2024 во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода С.Р.(31), Ј.В.(28), Ѓ.В.(30) и Д.М.(22), сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудник Суводол, систем Брод - Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети.

Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава“