Романтичната комедија „Ожени ме“ вечерва во Културно информативниот центар во Скопје

Со почеток во 20 часот во Културно информативниот центар во Скопје ќе биде изведена романтичната комедија „Ожени ме“ во режија на Роберт Ристов.

Играат Изабела Јакимова и Бранко Атанасов.

Драматизацијата е работена по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.

„Ожени ме“ е насловот на една од двете претстави (Ожени ме и Разведи ме) кои всушност се две поглавја од ФЛИП ИЗДАНИЕТО на претставите со заеднички наслов „Две нијанси црвена“. Ќе бидат опфатени две теми/ претстави кои претставуваат лице и опачина, едната на другата.