Ковачевски се фали, граѓаните бесни: Со „вашата“ зголемена плата не може да се преживее!

Претседателот на СДСМ и доскорешен премиер Димитар Ковачевски се пофали, но се чини дека реалноста го демантира. 

Тој вели дека платите растат, граѓаните му одговараат дека растот е залуден! 

- Успеавме да ја зголемиме просечната плата на 630 евра, платите ќе продолжат да растат со СДСМ. Факт е дека изборното ветување од 500 евра до 2024 година го надминавме. Просечна плата денеска, во време на СДСМ изнесува 630 евра. Просечната плата во време на ДПМНЕ изнесуваше 360 евра. Цели 270 евра повеќе во семејниот буџет, порача тој на отворање на промотивен штаб на СДСМ во Кисела Вода.

Народот жестоко му возврати, а впрочем и официјалните податоци се спротивни на фалбите на Ковачевски. 

Минималните трошоци на едно семејство во февруари се зголемени за 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците со кои се пресметува висината на синдикалната потрошувачка кошничка.

Па, така, на семејство каде двајцата родители се со просечни плати од по 25.000 денари, ќе им недостасуваат речиси 7.500 денари за да го преживеат месецот за кој се потребни околу 57.000 денари. 

- Зборите за просечна плата , а сите работници по конфекции, приватни фирми, па и по јавни институции, работат за минимална плата од околу 21.000 денари. Јас како долгогодишен член на СДСМ, на следните избори нема ни да излезам да гласам, ниту пак ќе убедувам некој да ве гласа. Направивте каша попара за кратко време. Заев ваков онаков, бар имаше компас кај тера, вие сега сте сосема друга политика, порача еден граѓанин на фејсбук профилот на Димитар Ковачевски. 

- Што со инфлацијата? Колку од вработените се на минималец? Треба да се отфрли просечна плата како показател на успех и да се воведе куповна моќ и тоа со изразување на проценти на граѓани со одредена куповна моќ. На збор се направивте, по"идеална" влада здравје. Господ повеќе никогаш да не дозволи вакви експерти да раководат со Македонија, коментира друг видно револтиран граѓанин.

- Се фатиле за платите и пензиите, а државата пуздер ја направија, споделува друг. 

- Просечна плата мусака - Вие јадете месо, ние јадеме компири! Засрамете се! - гласи друг коментар. 

- Се тоа во ред што се фалите, но факт е дека со минималната плата пред да додје СДСМ можеше да се купи повеќе од она што може денеска со „вашата“ зголемена, порача друга граѓанка на социјалните мрежи.