Решен долгогодишен проблем со поплавувањето улици во Трнодол во Карпош

Долгогодишниот проблем, кој го имаа жителите на населбата Трнодол, од денеска е решен, соопштија од општина Карпош.

Поплавените улици по обилните дождови се минато за жителите од овој реон, на улицата Нерешка, по реализација на нова фекално-атмосферска мрежа.

Поточно, станува збор, за 60m нова цевка за фекална канализација, како и поставување на нова шахта. Атмосферските води, со кои жителите со години се соочуваа по врнежите и топењето на снегот од Водно кон Козле, предизвикуваа преполни улици и шахти кои се преплавуваа. Од денеска, поставени се две решетки за атмосферски води, кои ќе бидат спас на граѓаните од овој дел на Општина Карпош за наредниот период.

Целосната интервенција е од страна на стручните служби на Општина Карпош во координација со ЈП Водовод и канализација.