Разрешен директорот на Кардиохирургија Шокаровски

Mинистерот за здравство Илир Демири денеска го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски.

- Му го прекратувам вршењето на функцијата на др. Шукаровски како медицински директор на Клиниката. Друга причина е крајно нарушените меѓучовечки односи во една таква врвна институција. Недозволиво е нарушување на односите во таква институција, изјави на прес конеферанцијата Демири. 

Mинатата недела медиумите објавија дека на Клиниката за кардиохирургија е зголемена смртноста и тоа е констатирано во извештај на стручна комисија.

Демири рече дека 170 пациенти не биле внесени во Мој термин и немале отпусно писмо.

Шокаровски беше ставен за нов директор откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев.