Раскинат договорот за новата штипска болница, ќе се распише нов тендер

Договорот со изведувачот „Интракат“ за новата штипска болница бил раскинат на 29 јуни.

- Потребно е да се направи преглед, односно пресек на активностите, по што ќе се распише тендер за нов изведувач, согласно заклучок од Влада, информираат од Министерството за здравство.

„Проект за изведена состојба“ треба да се достави во рок од 42 дена, а потоа да се подготви нова тендерска документација и во рок од 30 дена да се објави нова јавна набавка.

Рокот за изградба бил 30 јуни 2023 година, а досега се реализирани само 30 отсто, соопштија од министерството.