Меџити: Случајот во Тетово нема никаква поврзаност со болницата, резултат е на нерешени лични проблеми

Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека вчерашниот случај во Тетово нема никаква врска со болницата, а причината е нерасчистени проблеми меѓу инволвираните лица.

Меџити информираше дека двајцата повредени се наоѓаат на КАРИЛ и дека едниот е во потешка состојба, а другиот е полесно повреден.

- “Според информациите од директорот на болицата во Тетово, едниот е во потешка состојба, а другиот во полесна состојба. Тие се на Карил, на одделот за анестезија и реанимација. Останатото ќе го расчистат МВР и Обвинителството“, рече Меџити.