Првпат по две децении, машински се чисти новоселскиот канал

По подолг период, со помош на машини се чистеше новоселскиот канал, во реонот на општина Ѓорче Петров. 

„Новоселскиот канал по 20 години првпат е чистен со механизација. Пуштена е и вода за наводнување на посевите. 
Претходно, извршено е рачно и машинско чистење и на каналот во Никиштани“, извести на Фејсбук градоначалникот на општината, Александар Наумоски.