Се чисти депонијата во Ново Село

Изминатиот период Градот Скопје и локалната самоуправа се посветени на расчистувањето на депониите низ целиот град и општините, со цел да се ослободи просторот и на истиот да се испланира зеленило и паркови. 

Општина Ѓорче Петров деновиве започна со расчистување на огромната дива депонија во Ново Село, за која со години алармираат тамошните жители и граѓански здруженија. Досега надлежните не најдоа трајно решение за депонијата која претставува еколошка „бомба“ во овој дел од Скопје и ја уништува и околината и здравјето на граѓаните.

Сегашното раководство на општината смета дека оваа депонија мора да биде приоритет за побрзо расчистување. Иако повеќепати била чистена, секогаш повторно се натрупувало ѓубре, за помалку од две години. 

Новиот градоначалник на Ѓорче Петров смета дека е време да се најде трајно решение за овој проблем, за да може да се спречи опасноста од ѓубрето и граѓаните веќе да не бидат загрозени.