Измама во битолско: Ветувал работно место во државна агенција и изнудил 153.000 денари

Маж од битолско доби кривична пријава поради измама.

-СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(38) од село Велушина, битолско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информира МВР.

Како што соопшти МВР, во периодот од декември 2021 до мај 2022 година, пријавениот во неколку наврати земал парични средства од лице од Битола, ветувајќи му работно место за неговата сопруга во државна агенција, со што го оштетил Б.Б. за сума од 153.000 денари.