Продолжуваат протестите на дивите продавачи на Бит Пазар

Град Скопје ги повикува продавачите кои веќе три дена го блокираат булеварот кај Бит Пазар да ја прекинат блокадата и да ја прифатат понудата на Градот, на општината Чаир и на Скопски Пазар, да го легализираат нивниот бизнис.

Градоначалникот Шилегов вели дека мора да се реши хаосот од тезги на тротоарите каде нелегално се продаваат разни производи.

Градоначалникот на Скопје кажа дека нема потреба за средба меѓу Град Скопје и дивите продавачи, бидејќи порано веќе имале неколку средби на кои биле понудени можни решенија. Како што кажа по неговата посета на Бит Пазар увидел дека има слободни 130 тезги.

Општина Чаир соопшти дека акцијата за чистење на тротоарите ќе продолжи кон Бит Пазар и оти ќе биде вклучен и киоскот Али Тобако за кого продавачите тврдеа дека нема да биде отстранет. Од општината велат дека објектот е нелегален, но оти примиле барање за легализација. Откако надлежните органи ќе донеле решение, ќе постапеле по него.