Проблемот со провинцијата е што, провицијалското го наметнуваат во Скопје...

Во потрага по егзистенција голем број граѓани ширум земјава се одлучуваат да се преселат во Скопје. Не ретко се ословувани како „дојденци“ или „провинцијалци“.

Главен проблем за ова е централизацијата, односно кога би имало средни стучни училишта и факултети, локална економија, добро платени работни места и национални институции и во другите градови, луѓето не би имале потреба да мигрираат во главниот град.

-Скопјанизирањето на провинцијалците започнало во далечната 1950 година кога поголемиот дел селани од западниот и источниот дел на тогашната Сојузна Република Македонија масовно се населиле во Скопје со цел да се вработуваат по големите градски фабрики и индустрии, а тогаш сите семејства кои имале стока морале или биле принудени да ја предадат стоката на властите во селските задруги и комбинати, да им се национализираат нивните земјишта, ливади, пасишта, деловни и станбени објекти итн. за добијат вработување и школување со стипендии во градовите и сместување во тогаш државни изградени станбени објекти, појаснува еден скопјанец.

Потоа вториот бран на населување во Скопје било 1970г.откако градот се возобнови по земјотресот во 1963г. и се создадоа новите градски населби и општини како Карпош, Центар и Аеродром, па потоа со третиот бран на населување по 1990г.откако Скопје стана главна дестинација на трговските фирми и за сите млади од државата за студирање и нивна егзистенција па така да градежниот бизнис сектор највеќе здоби интерес и ќар од градење во Скопје, смета истиот граѓанин.

- Дел од старите скопјани, велат дека станува збор за нормална појава условена од желбата за подобар живот. -Скопје и скопјани, апсолутно и без дилема, никогаш немале ништо против никого кој е дојден да живее тука. Тоа е сосем нормална работа, а вештачки се креира слика дека скопјани се нетрпеливи кон оние кои подоцна дошле во овој град. Да се запрашаме, да не е сосем обратно? Пробајте на пример како скопјанец да отворите фирма (дуќан) од која и да е бранша низ помалите градови, ќе наидете на бојкот и опструкции. Додека во Скопје, барем 50% од сопственици на истите се нескопјани, а фунцкионираат без никаков макар и најмал проблем. Во мојата фела, скоро и да нема колега кој освен во својот роден град нема и тука, во Скопје експозитура, и истите категорично тврдам дека работат подобро од нас, и обратно, колегите кои се пробале вон Скопје, токму поради горенаведените причини за кратко си дошле дома, во Скопје, го споделува една скопјанка својот став на оваа тема.

-Не е проблем кој од каде е, туку неговото однесување како дел од општеството, потенцираат многумина.

-Проблемот со провинција е што, провицијалското го наметнуваат во Скопје...пиперки, купус по ходници ставаат, се дерат по кафани, возат ко кај нив шо немаат еден семафор и слично...., вели еден револтиран скопјанец.