Брза помош заглавена во Центар кај Нова Македонија - Фросина Фро „распали“ по народот и го нарече безобразен (видео)

Инфлуенсерката Фросина Фро сподели видео од центарот на Скопје каде низ сообраќајниот метеж не може да мине возило на Брза помош. 

- Брза помош заглавена во Центар кај Нова Македонија. Никој не се поместува, а нема ни каде да се поместат. Вака се губат животи. Скопските улици не можат да го носат товарот на пренаселеноста на градов, вели таа на почетокот на својата објава. 

.- А и безобразлук е тоа и на народов што ни до маркет не му се оди пешки, и сите оние "сиромашни" граѓани кои кукаат, а каде од четиричлено полнолетно семејство имаат четири коли. Не само што градов не собира толку луѓе, не само што градов не прави ништо ви поглед на јавниот превоз, туку и народот е безобразен. Не може да се курчиш со шо една кола по член во семејството. Повози точак малце, пооди пешки ако ти е кратка релацијата. Ем поздраво ќе живеете. Ама толку е свеста, констира во свој стил таа.