Приведен Турчин, среде Центар се однесувал агресивно кон случајни минувачи

Вчера од страна на полицијата бил приведен А.А. од Турција откако од непознати причини почнал агресивно да се однесува кон случајни минувачи, а со агресијата продолжил и во полициската станица.

„На 16.04.2024 околу 22.45 часот на подрачјето на центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле А.А.(27) од Република Турција затоа што го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал кон случајните минувачи, а по приведувањето продолжил со агресивното однесување и во Полициската станица Центар. Лицето било спроведено во здравствена установа и се работи на расчистување на случајот“.