Приведен тетовец, бил баран со централна потерница

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 17.45 часот, во тетовската населба Дреновец, со судска наредба, го привеле 29-годишниот тетовец А. А. Тој бил баран со централна потерница за издржување двегодишна затворска казна за сторени кривични дела кражба и тешка кражба, извести СВР Тетово.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.