Приведен криумчар на мигранти во Арачиново

Денеска во 11.40 часот во с.Арачиново, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(27) од с.Арачиново.

- Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од четири години и шест месеци за сторено кривично дело по член 418 - б од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.