Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од две години

Вчера околу 20.30 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги со полициски службеници од СВР Штип го уапсиле Г.Т.(38) од с.Долни Балван, општина Карбинци.

Г.Т. бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 259 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од затвор Струмица за доиздржување една година и еден месец од казната.

Лицето веднаш било спроведено во затворот за доиздржување на казната.