Приведен бегалец кој бил осуден на затворска казна од 15 години

Денеска (24.07.2023) од страна на полициски службеници од тим Потраги од Одделението криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишен е од слобода Ш.А.(37) од Скопје.

- За него била распишана централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Куманово, каде издржувал казна затвор во времетраење од 15 години, соопшти МВР.

Како што информира МВР, лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.