Приказна која вреди да се слушне: Емилија две години живее со ново срце (видео)

Првата жена со трансплантирано срце во Македонија, Емилија Христовска Костовска, две години живее со ново срце и со својата приказна ја подигнува свеста за органодарителство. 

Таа е првата жена во Македонија со трансплантирано срце од починат донор.

Во видео-приказната за „Види Вака“ раскажува дека е навистина благодарна за, како што вели, подарениот живот. 

- Пред трансплантацијата си направив една листа на цели, коишто реков дека ќе се остварат псоле трансплантацијата. Првата цел беше дека јас ќе имам трансплантација, направена пред јас да наполнам 40 години, и тоа навистина ми се оствари. Трансплантацијата беше во мај, на 30.мај, на 29. ми беше годишнина од брак, а во ноември направив 40 години, раскажува Емилија. 

По операцијата Емилија вежба во теретана, се искачува по скали, пешачи...

- Јас почнав да се движам, станав сама. Реков „ако не станеш сама“, никогаш нема да проодиш сама, секогаш ќе чекаш некој да те држи. 

Упати благодарност за подарената надеж, подарениот живот...