Пријави за повеќе физички напади низ Скопје, тепани малолетници, семејно насилство, тепачка во сообраќај

- Вчера наутро во 08.30 часот во СВР Скопје, Ѓ.П.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар физички бил нападнат од едно лице.

- Исто вчера наутро во  08.50 часот во СВР Скопје, Т.Г.(51) од Скопје пријавила дека на 19.02.2024 околу 21.40 часот во училишен двор на подрачјето на Карпош, по претходна вербална расправија, нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од друг малолетник.

- Понатаму во 13.40 часот во СВР Скопје, Г.О.(48) од Скопје пријавил дека на 17.02.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син физички бил нападнат од едно лице.

- Попладнето во 16.00 часот во СВР Скопје, Т.С.(48) пријавил дека во населбата Илинден-скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од Н.П.(27), двајцата од населба Илинден, скопско.

- Вчера  во 23.20 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Л.(43) од Скопје.

- И во 23.40 часот во СВР Скопје, Ј.К.(33) од Скопје пријавил дека пред казино на подрачјето на Гази Баба физички бил нападнат од неколку лица. 

Во сите овие случаи од МВР велат дека се работи на расчистување и против сторителите ќе биде покрената соодветна пријава