Прифатена иницијава за поведување на уставноста за ДУП-овите во Маврово

Адвокатот Драган Пешевски- Стари на социјалните мрежи објави дека е прифатена иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуките за усвојување на ДУП-овите за Маврово, Маврово Анови, Леуново и Никофорово. Тој притоа посочи дека дивеењето во националниот парк Маврово мора да прекине.

- “На моја огромна радост ве известувам дека иницијативата на адвокатската канцеларија Пешевски и Тимовски за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуките за усвојување на ДУП-овите за Маврово, Маврово Анови, Леуново и Никофорово е прифатена!!! По повеќе часовна дебата, спротиставени мислења на судиите од уставниот суд, дури кај некои и страв од последиците што оваа постапка може да ги има, сепак е донесена одлука за поведување на постапката!!! Дивеењето во оваа општина и уништувањето на националниот парк мораа да се сопрат. Голем ден за Маврово, Мавровчани (по потекло и природени како мене ) за целиот национален парк воопшто и голема победа во поглед на зачувување на животната средина и здравјето на луѓето!!!“ напиша Пешевски