При претрес во домот на 63-годишен маж пронајдена дрога

Вчера во 03.30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, во дворот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.