Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведен дилер

Полициска акција во Ѓорче Петров заврши успешно откако беше пронајдена дрога при интервенција од Единицата за недозволена трговија.

- На 03.10.2023 во 06.45 часот на подрачје на Ѓорче Петров, од полициски службеници при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(31) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението на СВР Скопје.