Преговарачката рамка за Македонија не го содржи поглавјето 34 со кое се признава македонскиот јазик

Владата долго време се фалеше во јавноста дека е усвоена преговарачката рамка за Македонија, но она што заборавија да го кажат е дека поглавјата 34 и поглавјето 35 се изоставени од истата таа рамка. Зошто е тоа така никој до сега нема дадено објаснување но експертите кои се запознаени со оваа проблематика велат дека овие 2 поглавја ги нема само во преговарачката рамка за Македонија додека за сите други други држави кои преговараа со ЕУ ги има во нивните преговарачки рамки.

Да видиме за што се однесуваат овие две поглавја. Поглавјето 34 се однесува за нашето учество во институциите на ЕУ, но и признавањето на македонскиот јазик како автентичен јазик на основните договори на ЕУ и како јазик кој рамноправно ќе се употребува во сите институции на ЕУ. Со оглед дека оваа поглавје го нема веќе ова прашање станува проблематично. Тука натежнува и унилатералната изјава на Бугарија за непризнавањето на македонскиот јазик поднесена до Советот на ЕУ на 18 јули. Иако од Владата ваквата изјава се обидоа да ја маргинализираат и се обидоа да ја прикажат Бугарија како осамена држава во рамките на ЕУ сепак таа нивна изјава и отсуството на ова поглавје и те како можат да бидат погубни за Македонија.

Во преговарачката рамка го нема ниту поглавјето 35 со кое се затвораат пристапните преговори. Тука може да се даде објаснување дека Новата методологија не ги содржи овие две поглавја бидејќи тие поглавја или немаат воопшто (Поглавјето 35) или имаат едноставни правни акти (Поглавјето 34), но затоа нема објаснување зошто тие не се дел од нашата Преговарачка рамка, а се дел од преговарачките рамки на Црна Гора и Србија, независно од факот дека се усвоени уште во 2012, односно 2013 година.