Прегазен малолетник на паркинг во Крушево

Малолетник се здоби со тешки телесни повреди откако во него удрило возило.

- На 02.08.2023 во 11.30 часот било пријавено дека во Крушево, на паркинг на место викано „Црни врв“, патничко возило „лада нива“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од Ј.А.(60) од Прилеп, удрило во малолетник од Скопје, соопшти МВР.

Како што информира МВР, во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.