Не стивнуваат реакциите по смртта на малото девојче Јана од битолско кое почина во болницата во Битола. Повеќето се сомневаат дека станува збор за лекарка грешка која, како што велат, и овој пат ќе помине без одговорност.
Ова се дел од реакциите на јавноста на социјалните мрежи:
Во нормална држава кога ќе умре човек од лекарска грешка се затвора болница, и се земаат лиценци. А кај нас сеуште неизлезени доктори од клупа, се во партија. Македонија вечна..
— Dream House (@dreamhouse99) March 24, 2023
Си поднесе ли Министерот за Здравство оставка, или зафатен е со средување на паркингот и двојазични табли? pic.twitter.com/JxodJ9vfMO
— БаБаРоГ (@LepceSoSalamce) March 24, 2023
Патувај мирно ангелче Јана
Што и да напишеме, ќе биде и точно, и тажно, и бесно, и емотивно...., но, за жал ништо нема да те врати во оваа небиднина што и тебе прерано те жртвуваше pic.twitter.com/lcRiXyLW1j
— AnaStevano (@StevanoAna) March 24, 2023