Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со јавна покана до синдикатите на отворени и директни консултации

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, упатува јавна покана и ги повикува на отворени и директни консултации сите заинтересирани синдикати, денес во 10:00 часот, во Собранието на Република Македонија се вели во нивното соопштение.

​Темата на оваа денешна работна средба и консултации, според пратеничката група ќе бидат законите кои се дневен ред на Комисијата за европски прашања. Целта на пратеничката група е да се слушнат барањата на синдикатите и нивните забелешки да се преточат во амандмани и официјални барања.