Голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Владата

Вечерва пред Вадата на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ организира голем митинг. Од партијата ги повикуваат сите граѓани да им се придружат. Од таму додаваат дека дојдено е времето да прекинат сите порази, неправди и понижувања кои се направени од СДСМ, ДУИ и Стево Пендаровски.

„Денеска започнува крајот на поразите, на неправдите, понижувањата и распродажбата на националните и државни интереси, на осиромашувањето и газењето на достоинството на македонските граѓани од стана на СДС, ДУИ и Стево Пендаровски.

Денеска започнува вистинската борба за промените кои се потребни да се случат за да си ја вратиме изгубената држава. Да ја вратиме Македонија на граѓаните.

Да ја направиме Македонија повторно горда земја. За Македонија повторно твоја, обединета. За Македонија во која ќе се врати надежта.

Се обврзуваме да ги донесеме промените и целосно да ја трансформираме Македонија. Да ја вратиме надежта.

Да го вратиме изгубеното достоинство. Да ставиме крај на хаосот, криминалот и безредието.

Да донесеме иднина. Да донесеме нова надеж.

За Македонија на сите граѓани. За твоја, наша Македонија која ќе победува. Промените се во твои раце!

За таа цел, пред почетокот на големиот народен митинг во 20 часот на ВМРО-ДПМНЕ пред владата на Република Македонија ќе се одржи Отворено студио во 18:30 часот на кое свое обраќање ќе имаат носителите на Изборните единици, Владо Мисајловски, Драган Ковачки, Александар Николоски, Ѓорѓија Сајкоски и Дафина Стојаноска“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ