Пожарот на Жеден уште е активен, активиран полициски хеликоптер за негово гаснење

Поради тешко пристапниот терен и неможноста на пожарникарските екипи да пристапат на местото на пожарот хеликоптер на МВР е ангажиран во гаснење на пожарот кој е активен од вчера.

Од ЦУК информираат дека гори само трева на тешко пристапен терен и нема опасност по населените места или било какви други објекти.

Од ЦУК повторно аплираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар да се пријавува на Единствениот повикувачки број 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.