Повторно застој во железничкиот сообраќај

Според информациите од Македонски железници, железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива според планираниот возен ред, освен за Гевгелија каде што има застој кај мостот на Стоби, поради негово поместување и заради тоа товарниот железнички сообраќај не се одвива, додека патничкиот бавно се одвива со пренесување на патниците со помош на автобуси кај Градско односно Криволак.

Инаку, Според информациите до ЦУК, Македонски железници активно работат на утврдување на состојбата, конкретно покрај експертите и професори од Градежниот факултет, биле ангажирани нуркачи за конкретно да се утврди состојбата столбовите од мостот и од под вода.