Повторно некој подгрева меѓуетнички тензии, поставени знамиња на Албанија и УЧК на црквата Св.Атанасиј во Тетово

Вчера во 17:40 часот во СВР Тетово од страна на Црковниот одбор при храмот Свети Атанасиј било пријавено сквернање на овој верски објект заради тоа што е поставено знаме на Албанија, додека неколку метри подоле било поставено уште едно знаме на УЧК.

„Пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата „Свети Атанасиј” на тетовското Кале поставиле албанско знаме, а на бандера на влезот во Калето било истакнато знаме на УЧК. Веднаш по пријавувањето на местото е испратена екипа од СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски“, портпарол на СВР Тетово.

Од полицијата истакнуваат и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова не е прв инцидент што се случува во тетовско поврзан со цркви. Минатата година едно лице беше уапсено поради сквернавење на црквата – Свети Наум Охридски -Чудотворец, која се наоѓа на Попова Шапка. Причината за апсење беше иста како и оваа, беше поставено знаме на Албанија во дворот на црквата.