Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска, поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
- Почнувајќи од 17.00 часот, па сѐ до завршување на протестот за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: бул.„Партизански одреди“ со бул.„ВМРО“ во правец кон Карпош, бул.„Партизански одреди“ со ул.„Франлкин Рузвелт“ во правец кон Центар, бул.„Илинден“ со бул.„Св.Климент Охридски“ во правец кон Соборниот храм и бул.„Св.Климент Охридски“ со ул.„Димитрије Чупоски“ во правец кон Соборниот храм, соопшти МВР.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.