Пороен дожд попладнево и силен ветер, од утре затоплување

Во попладневните часови во Македонија се очекуваат врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи. На повисоките планини ќе има појава на снег, соопштуваат од УХРМ. 

Преку ноќта ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) најизразен долж Повардарието. Засилен до силен северен ветер особено долж Поварадрието ќе дува и преку денот.

Од утре па до четврток времето ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, наместа проследени и со грмнежи. Стабилизација на времето се очекува во петок кога ќе има локални врнежи од дожд, но и сончеви периоди.